
Присутноста на Русија во Сирија не му пречи на Израел, бидејќи Москва е прагматичен фактор со кој секогаш е возможен договор, изјави во петокот во Вашингтон израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман, кој слични оцени искажа и претходно седмицава во интервју за израелски медиуми.
„Важно е да се сфати дека Русите се многу прагматични учесници“, одговори Либерман на прашањето на форумот кој го организирал Washington Institute for Near East Policy за актуелниот сојуз на Русија и Иран во Сирија.
„Тоа се разумни луѓе, со нив е можен договор и ние ги разбираме нивните интереси. Нивните интереси се многу различни од нашите, но ние ги почитуваме нивните приоритети. Настојуваме да ги избегнеме директните судири и тензии“, додаде Либерман, кој е русофон по потекло од поранешната советска република Молдавија.
Руската армија со децении има воздушна база во Хмејмим, на северозападот од Сирија и пристанишни постројки во Тартус, на западот од земјата. Меѓутоа руското присуство во Сурија „не нѐ интересира“ рече израелскиот министер и додаде заклучи дека „Ние само сакаме да ја заштитиме нашата безбедност“.
Либерман ова го изјави два дена откако за електронскиот издание на израелскиот весник Ynet рече дека Израел ќе одговори доколку руските противоздушни системи С-300, коишто Русија може да ги испорача на Сирија, бидат употребени против израелските воздушни сили. Но тоа не се однесуваше како директна закана кон Москва, туку повеќе кон Дамаск.
Русија уште во 2010 година, повеќе од година пред почетокот на сирискиот конфликт, попиша договор со владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад за испорака на системите за противвоздушна одбрана С-300, но сѐ уште не се испорачани поради меѓународните санкции воведен на почетокот од конфликтот во март 2011 година, а според рускиот весник Комерсант, делумно и поради израелскиот притисок. Но во петокот сирискиот амбасадор во Москва рече дека Домаск одржува редовни консултации со руската страна околу испораката на овој ракетен систем.
За можното враќање на разгледувањето на испораката на С-300 за Сирија во рускиот Генералштаб изјавија веднаш откако САД, Велика Британија и Франција изведоа ракетен напад на 14-ти април врз владините објекти во кои наводно се произведува хемиско оружје. Но Москва соопшти дека повеќето од тие 105 проектили биле соборени со постарите системи од советско и руско производство.
Подоцна рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров коментирајќи го нападот врз Сирија од западните сојузници изјави дека Москва повеќе нема „никаква морална обврска“ за да не ги испорача системите С-300, бидејќи се загрозуваат и цивилни населби и инфраструктура.
Внимавајќи да не се впушти директно во сирискиот судир, Израел изведе повеќе десетици воздушни напади врз владини позиции и колони за кои тврди дека доаѓаат од Иран за потребите на либанското шиитско движење Хезболах. Меѓутоа, при последната таква операција во март сириската противвоздушна одбрана првпат одговори и собори израелски борбен авион.