
Актуелниот претседател на НСДП Тито Петковски, влегува во трката за уште еден претеседателски мандат на партијта НСДП. Тој за „Нетпрес“ ја потврди својата кандитатура, и посочи дека засега тој е единствениот кандидат за оваа функција.
Наспроти неговото тврдење, Љубомир Јосифовски, поранешен пратеник, член на Извршниот одбор и секретар за меѓународна соработка на НСДП, вели дека својата кандидатура ја најавил и претходно, но дека тоа го сторил и официјално.
Неговата кандидатура била најавена и на Централен одбор на партијата и таа била прифатена.
Мојата самокандитатура е поднесена на Извршен одбор во паријата. Ако треба и писмено ќе доставам, иако по статутот нема потреба за тоа, но, ете, за да задоволам нечии хирови, вели Јосифовски.
Тој изминатиот период во медиумте изјавуваше дека Тито Петковски треба да оди во политичка пензија, бидејќи е време за промена во НСДП.
Централниот одобор, кој ги разгледува предлозитеи и испраќа до Конгресот, ќе има седница на 29 април.
Партискиот конгрес за избор на нов претседател е закажан за 13 мај. Актуелниот претседател Тито Петковски, е лидер на партијата од нејзиното основање во 2005 година.