Големи протести во Шпанија поради силување во Памплона

Неколку десетици луѓе протестираа во Памплона на северот од Шпанија, трет ден од започнувањето на големото протесно движење во земјата против судската пресуда против шест мажи кои не се осудени за силување на една девојка, туку само за сексуално напаствување.

Слоганот „Тоа на е сексуално злоставување, тоа е силување!“, одекнуваше на улиците на градот, како и секој ден од изрекувањето на спорната пресуда. На повик на Феминистичкото движење на Памплона, се собрале меѓу 32.000 и 35.000 луѓе, според процените на полицијата.

Петте мажи од Севилја на возраст од 27 до 29 години, се осудени во четвртокот на казна од девет години секој поради сексуално злоставување на 18-годишна девојка од Мадрид во текот на верскиот фестивал Сан Фермино во летото 2016 година во Памплона, кога се одржува и познатата улична брканица со бикови.

Тие го снимиле овој чин и со него се фалеле преку апликацијата Whatsapp, а во текот на судењето девојката морала да се брани дека била пасивна. Адвокатите на сега осудените тврделе дека таа се согласила на сексуални односи, бидејќи на снимките не е забележано дека рекла „не“, а претходно пиела сангрија.

Судиите го прифатиле ова тврдење и не потврдија дека станува збор за силување, за што според кривичниот законик, е потребно заплашување или насилство. Но во пресудата заклучуваат дека „не е спорно дека тужителката ненадејно се нашла во тесно и сокриено место, опкружена со пет повозрасни и силни мажи поради што не можела да реагира“.

Обвинителството на регионот Навара објави во петокот дека ќе се жали на пресудата, тврдејќи дека станува збор за силување. Владата, исто така, најави дека ќе разгледа можна измена на кривичниот законик за ваквите дела.

Пресудата предизвика огорчување на јавноста и повеќе до 1,2 милиони луѓе ја потпишаа петицијата барајќи од Врховниот суд смена на судиите кои ја донеле.