
Фирмата „СВ Инвест“ – Битола никогаш не била ангажирана како подизведувач за транспорт на јаглен во РЕК Битола, информираат од АД Електрани на Македонија.
Нагласуваат дека тврдењето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е целосно неточно.
Мицкоски денеска во видео обраќање побара од Обвинителството да провери дали е точно дека компанијата „СВ Инвест“ е ангажирана за подизведувач во оперативните градежни работи во РЕК Битола.