
Поранешниот евроамбасадор Ерван Фуере во интервју за МИА ја поздравува работата на Владата во последните 11 месеци, но предупредува и дека треба да се фокусира на внатрешните реформи и нивната имплементација колку што е фокусирана и на поправањето на својот надворешен имиџ.
Мислам дека малку премногу време поминаа на надворешниот имиџ, иако е разбирливо, пробуваат тоа да го подобрат, а не доволно време посветуваат на усвојување на реформите и на доказ дека се имплементираат. Да, има навистина напор да се осигураат дека нема да се повтори било што од негативните однесувања на претходната власт, вели поранешниот амбасадор.