
Активностите кои следуваат за тековната година и стратешкиот план на организацијата треба да бидат разгледани и усвоени денеска на редовната седница на Годишното собрание на Националната федерација на фармери.
На седницата која ќе се одржи на Факултетот за земјоделски науки и храна, ќе се обрати Васка Мојсовска, претседател на НФФ, а ќе бидат презентирани и проектни активности во насока на развојот на земјоделството и потпишување на Меморандум за соработка со Европското движење на Република Македонија.