Владата со нови мерки за зголемување на платите и заштита на работниците

Со пари од Буџетот ќе се зголемува платата кај трудовоинтензивните дејности, договориле во понедленикот Владата и Социо–економскиот совет, соопшти министерот за финансии Драган Тевдовски, според кој поддршката ќе може да ја добијат само претпријатијата кои немаат големи профити.

Со оваа мерка се очекува да бидат опфатени околу 15.000 компании и околу 50.000 работиници кои работат во текстилната, кожарската и чевларската индустрија. Услов за добивање на парите е претпријатието да не корсити друг вид на државна помош. Премиерот и неговите министри велат дека очекуваат со овие мерки да се отвори спиралата на зголемување на платите и во другите сектори.

„Поддршката е за трудоинтензивни компании, односно фирми кај кој трошоците за вработените сочинуваат повеќе од 50 отсто од вкупните трошоци и само за фирми кои не прават високи профити или кои имаат добивка како процент од вкупните расходи помал од 10 отсто“, рече Тевдовски.

Потсети дека Владата ја зголемила минималната плата на 12.000 денари, а, пак, просечната плата во споредба со минатаа 107 година година ја подигнала за 4,6 отсто. Смета дека платите мора да растат, за да се зголеми животниот стандард на граѓаните.

За мерката која ја најави премиерот Зоран Заев, вели дека секој работник ќе добие зголемува на платаата, а фирмата добива 30 отсто од зголемената сума.

„Со оваа мерка се опфатени фирми кои не добиваат никаква поддршка од државата, а фирмите не треба да прават високи профити. Поддршката ќе се испалаќа од МТСП, по апликациите од фирмите и нивно проверување во УЈП“, рече Тевдовски додавајќи дека мерката ќе се исплаќа откако фирмата ќе ја исплати платата.

Премиерот Зоран Заев додаде дека мерката треба целосно да го намали притисокот врз сопствениците околу исплатата на минималната плата во трудоинтензивните дејности. Според него, со оваа мерка нема да може работодавачите да прават малверзации и да бараат враќање на дел од минималецот „на рака“.

Од Организацијата на работодавачи велат дека со оваа мерка ќе се помогне на малите и средни претпријатија.

„Се надевам дека овие мерки ќе помогнат. Најмногу им е потребно на оние ранливите категории, како и на претпријатијата кои бргу никнуваат, но брзо згаснуваат“, изјави нивниот претставник, Ангел Димитров.

Министерската за труд и социјална политака, Мила Царовска, пак, најави дека фирмите апликациите ќе треба да ги доставаат до нив, затоа што поддршката ќе ја исплаќа Министерството за труд и социјала. Потоа ќе следи проверка од страна на Управата за јавни приходи дека е исплатен износот на работниците, по што ќе следи и враќање на парите на претпријатието.

„За еден месец ќе се усвои Програмата на Владата по што компаниите ќе може да апицираат и да добијат поддршка како што добиваа за минималаната плата. Системот ќе биде ист за да нема комплицирање. Мерката ќе трае до 2018 година, и ќе се субвенционира растот на платите до крајот на 2018–та, но, предвидуваме и поддршка во 2019 година“, посочи Царовска.

Царовска предупреди дека со новите мерки доколку работодавачот отпушти вработен, следните две годни нема да може да вработи друго лице.

„Без социјален дијалог, нема унапредување на работничките права. Со измените во законот ќе се добијат прецизни договори за работен однос, но и заштита за работникот да не остане без неговото работно место“, рече Царовска.

Министерката за труд и социјална политика истакна дека Владата ги зголемила платите на 19.000 работници. Спред неа, измените во Законот за работни односи влеваат дополнителна сигурност за работниците за задржување на нивното работно место, но и за зголемување на нивниот животен стандард.