Сончево со умерена облачност

Времето во земјата во средата ќе се задржи сончево со мала до умерена облачност, попладне со изолирана појава на краткотрајна нестабилост особено на југоистокот, а ќе дува и слаб до умерен југоисточен ветер.

Попладне во планинските предели со услови за краткотраен пороен дожд особено на исток.Ќе дува умерен југоисточен ветер, а УВ-индексот ќе биде со вредност 7.

Максималните дневни температури ќе се движат во распонот од 22 во југозападните планиснки предели, до 31 Целзиусов степен во централниот и јужниот дел од земјата. Во Скопје и околината температурата ќе достигне 29 стеопени.

Во четврток во планинските предели особено на запад ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, а ветерот повремено ќе засилува. Потоа ќе продолжи период на променливо облачно и нестабилно време во кој претежно во попладневните часови ќе има повремени врнежи од дожд, понекаде поројни и проследени со грмежи. Повеќе врнежи се очекуваат во четврток и сабота, особено во западните делови.