
Компанијта „Алкалоид“ е со позитивни финансиски резултати во периодот од јануари до март годинава, покажува билансот на успех.
Во овој период вкупните консолидирани продажби достигнуваат околу две и пол милијарди денари, што е за пет отсто повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се на исто ниво, додека вкупниот извоз на компанијата е зголемен за девет отсто.
Од вкупните продажби, 36 отсто се остварени на домашен пазар, додека 64 отсто се остварени на странски пазари.
Најзабележителен раст е остварен во САД. Гледано по групи на производи, најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација и тоа 85 отсто. Во периодот од јануари до март во Алкалоид се реализирани и 51 нови вработувања .