
Францускиот претседател Емануел Макрон за време на заедничката прес-конференција со премиерот на Австралија Малколм Турнбул направи гаф кој ја насмеа целата јавност.
Макрон зборувајќи на англиски направи грешка, па ја нарече сопругата на Турнбул “вкусна”.
Ви благодарам Вам и на вашата вкусна сопруга за вашето топло добредојде, ова е совршена организација на патувањето ,изјави Макрон на прес-конференцијата.
Во продолжение погледнете ја прес-конференцијата.