
Најмалку седум лица загинаа во напад на бомбаш самоубиец на Либиската изборна комисија во Триполи, соопшти портпаролот на комисијата, Калед Омар.
Загинаа седум лица- тројца раководители на Комисијата и четворица припадници на безбедносните сили, изјави Омар.
Тој претходно изјави дека група милитанти, вклучително и бомбашот-самоубиец, членови на Исламската држава, ги нападнале просториите на Либиската изборна комисија во главниот град.