
Турската опозиција најави заеднички настап на предвремените парламентарни избори во Турција, закажани за јуни годинава, со цел да се спречи победата на актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Договорот е постигнат меќу најголемата опозициска партија, Републиканската народна партија (ЦХП) и три помали партии, изјави за „Ројтерс“ неименуван извор од ЦХП.
Функционерот, кој сакал да остане анонимен, рекол дека официјалниот договор меѓу ЦПХ, Божјата партија, Исламистичката Саадет партија и Демократската партија формално ќе биде најавен на прес-конференција во четврток.
Спогодбата ќе им овозможи на помалите опозициски партии да освојат најмалку 10 отсто од гласовите за да влезат во парламентот.
Со договорот се создава широка коалиција против владејачката алијанса на претседателот, Реџеп Таип Ердоган, чија АК партија има воспоставено сојуз со Партијата на национално движење (МХП).
Ердоган има победено на речиси десетина избори и доминира со турската политика откако неговата партија АК со исламистички корени првпат дошла на власт во 2002 година.