Албанија сака база на НАТО

Албанската министерка за одбрана, Олта Џачка му предложи на својот американски колега, Џејмс Матис, НАТО да воспостави воена база во Албанија.

Веруваме дека е време САД да го воспостават своето присуство во Албанија.Таквото присуство на САД или на НАТО ќе биде многу јасна демонстрација дека сојузниците не го заборавија регионот, рече Џачка.

Таа предложи изградба на поморска база на Јадранското Море, која би ја воделе САД и Албанија, а би била под чадорот на НАТО.

Загрижени сме поради повеќе закани со кои се соочува нашиот регион и мислиме дека е многу важно што НАТО и САД придаваат малку повеќе значење за она што се случува на Балканот, рече Џачка.

Меѓу овие закани, таа ги наведе Русија, која според неа, се обидува да го зголеми нејзиното влијание, а ги спомена и Кина, Иран, па дури и Турција, како причини за загриженоста на албанското раководство.

Матис ја изразил својата подршка за Албанија, која, како што рекол, значајно придонела за НАТО алијансата.