Беровец со автомобил сакал да прегази полицајци

Беровец со автомобил сакал да прегази полицајци и телефонски се заканувал дека ќе ги убие сите полицајци во ПС Берово, информираше МВР.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против С.П.(30) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела напад на службено лице при вршење работи на безбедноста” и „спречување службено лице во вршење службено дејствие”, како и против Т.П.(25) од село Смојмирово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие”.

 На 30.04.2018 година околу 1.30 часот во Берово кај градскиот плоштад, С.П. го нарушувал јавниот ред и мир со гласна музика и при тоа му упатувал закани по животот на полицискиот службеник, кој преземал службени дејствија и повикал интервентно возило. При обидот за приведување на осомничениот во службеното возило, истиот со помош на неговиот другар Т.П. успеал да се отргне од полициските службеници. Потоа со неговиот автомобил двајцата избегале од местото на настанот, велат од МВР.

Полициска патрола околу 4.20 часот го лоцирала насилникот, кој не ги послушал наредбите да го сопре возилото и со голема брзина се обидел да ги прегази полицајците, по што во два наврати се јавил во полициската станица во Берово, упатувајќи закани по животот на сите полициски службеници.