
Неофицијално албанските медиуми објавуваат дека телото на еден од двајцата исчезнати полицајци кои во саботата вечерта со полициско возило влетаа во реката Лепенец е пронајдено.
Во четвртокот колу 15,45 минути во заедничка акција меѓу полицијата на Косово и медицинската помош, како и противпожарната служба е пронајдено телото на еден од полициските службеници.
Потрагата, во којашто се вклучени и припадници на македонската полиција, продолжува и по другиот полицаец, а повеќе информации засега не се објавуваат.