„Ливерпул“ најефикасен тим во историјата на ЛШ

Со двата гола во Рим, во поразот од 4:2 против „Рома“, „Ливерпул“ стана клуб со најмногу постигнати голови во една сезона од Лигата на шампиони.

Тимот на германскиот стратег, Јирген Клоп играа напаѓачки и офанзивен фудбал, што се гледа од неговите резултати. Со последниот меч во Рим „Ливерпул“ стигна до бројот од 46 постигнат голови, а досегашниот рекорд го држеше „Барселона“, од сезоната 1999/2000.

Тогаш каталонскиот гигант ја тресеше мрежата на противниците 45 пати во 16 натпревари.„Ливерпул“ до самиот врв на оваа статистичка категорија стигна со два натпревари помалку.
Англичаните ќе имаат можност да го подобрат рекордот во финалето на 26 мај во Киев против „Реал“