
Германската полиција спроведе рација утрово во центарот за мигранти во градот Елванген, каде што пред три дена 150 баратели на азил се судрија со полицијата и спречија депортацијата на еден мигрант од Того.
Полицијата одби да даде детали за рацијата во центарот, во кој има околу 500 баратели на азил, главно од африканските земји, вклучувајќи ги и Нигерија, Гвинеја и Камерун.
Полицијата во Елванген во понеделникот вечерта го ослободи човекот пто сакаше да го депортитра, со цел да избегне ескалација. За време на судирот мигрантите со тупаници удирале по полициските возила и оштетиле едно. Не е јасно дали по утринската рација мигрантот од Того, сепак, бил депортиран.
По инцидетот, кој полицијата го нарече „исклучително агресивен и насилен“, крајно десничарските и конзервативни политичари изјавија дека доажањето на над 1,6 милиони мигранти од 2014 година довеле до колапс на законот и поредокот.