
Деветмина загинаа кога се урна теретен авион на Националната гарда на САД во близина на аеродромот во Савана, Џорџија. Станува збор за стар авион „Ц-130 Херкулес“, кој ова требало да му биде последен лет. Загинатите се посадата на авионот, порторикански војници.
C-130 plane crash in my city, Savannah, GA. No survivors, prayers go out to the families of the lives that were lost. pic.twitter.com/veiZN2HWR9
— Caleb Berg ✪ (@Zescuu) May 2, 2018
Ова летало, старо 60 години, ги спасуваше и ги снабдуваше американските граѓани по минатогодишните урагани, а се урна за време на лат кон Аризона каде требаше да остане засекогаш приземјен.
Авионот се урнал во 11.30 часот по локално време кај раскрсница на два автопати, а ударот бил толку силен што од огромното летало останала само опашката, а останатите делови се распрснале во круг од околу 200 метри од местото на падот. Според властите, вистинско чудо е што во несреќата не е оштетен ниту еден автомобил или куќа.
Уште е рано да се каже кои се причините за падот на авионот, кој последен пат бил прегледан во воената база во Савана во април годонава.