„Мигови“ опремени со проектилите „кинжал“ на борбени задачи

Десет борбени авиони „Миг-31“ опремени со ракети „кинжал” се испратени на борбени задачи за да се тестира нивната ефикасност, изјави рускиот заменик-министер за одбрана, Јуриј Борисов.

Станува збор за најнапредно оружје, суперсоничен проектил со долг дострел кој може да ја избегне и воздушната и ракетната одбрана. Ова е непобедливо оружје со сериозна борбена моќ и потенцијал. Авионот „миг 31„ е носач на “кинжал“ бидејќи е најдобро опремен да го истрела проектилот со потребната брзина,  рече Борисов .

Според него,  десет борбени авиони денеска полетале во прбни борбени летови и подготвени се да ги користат проектили во зависност од ситуацијата.

Рускиот претседател Владимир Путин проектот на плаформата на хиперсонични проектили „кинжал“ прв пат во јавноста ги обелодени во своето обраќање на Нацијата на 1 маарт годинава.

Путин истакна дека проектилот „кинжал“ може да лета со брзина десет пати поголема од брзината на звукот и може да маневрира за да ги  избегне постоечките и идни ракетни одбранбени системи.