
Продавниците низ Европа се покажа како полни со отровна и фалсификувана храна, откако во рамките на истрагата на Европол биле запленети 3.600 тони неисправни намирници. Во истрагата бил вклучен и Интерпол, а расипано месо, хемиски обоена туна, лажно млеко во прав, отровни јогурт или тестенини со боракс и формалин се само некои од производите сервирани на чиниите ширум светот.
Од декември 2017 до март годинава, во 67 земји се запленети над 3.620 тони и 9.7 милиони литри на фалсификувана и нестандардна храна и пијалок, што е резултат на повеќе од 41.000 проверки извршени во продавници, на аеродромите, во пристаништата или во фабрики. Вредноста на овие стоки е проценета на 55 милиони евра.
Резултатите од акцијата покажуваат што се може со здружени сили да се направи за да се заштитат клиентите од целиот свет. Тоа е закана која бара меѓународно активна соработка, изјави Јари Лику, шеф на Европскиот центар за тежок и организиран криминал при Европол.
По четиримесечната истрага 749 лица беа уапсени, а Европол продолжува со акции.
Рибите биле специјално истражувани во 11 земји и ова е прв пат во прашање да биде конкретно избран производ. Незаконските практики вклучуваат употреба на заменски видови риби, кои лажно се презентирани како свежи. Во овој случај станувало збор за туна, која хемиски е третирана со бои за да изгледа свеќа, па наместо за конзервирање се испраќала во продажба како свежа риба. Во акцијата биле запленети повеќе од 51 тон риба.
Како резултата на акцијата Белгија ја затвори својата главна фабрика за преработка на месо, а супермаркетите ги повлекле месните производи по скандалот со расипано месо. На обвинетата компанија и е одземена лиценцата, бидејќи проверки покажаа потенцијален ризик по здравјето во примероци од мелено говедско месо. При контролата во месото се најдени делови од месен отпад, како и други состојки кои се користат за исхрана на животните.
Во Шпанија беа уапсени четворица, а фабриката која пакувала фалсификувано бебешко млеко за Кина е затворена. Запленети се осум тони млеко во прав, кој бил купен во Полска по цена од едно евро за килограм.
Млекото само по себе не било штетно, но немало никаква хранлива вредност неопходна за исхраната на бебињата.