САД ќе зажалат ако се повлечат од нуклераниот договор

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека САД ќе жалат како никогаш до сега ако го напуштат нуклеарниот договор од 2015 година.

Имаме планови да се спротивставиме на било која одлука на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со нуклеарниот договор. Ако САД ја напуштат нуклеарната спогодба, наскоро ќе видите дека тоа ќе доведе до историско каење, изјави денеска Рохани во говор во северозападен Иран кој беше пренесуван на државната телевизија.

Трамп во неколку наврати изрази загриженост дека договорот потпишан пред три години од страна на САД, Германија, франција, Русија, Кина и Велика Британија и Иран, не придонесува со ништо за справување со програмата за балистичките ракети на Техеран или за поддршката што Техеран им ја дава на разни групи од Блискиот Исток.

Неодамна, на средбата со францускиот претседател, Емануел Макрон, Трамп го опиша договорот како луд и катастрофален. Затоа Трамп се закани дека САД ќе се повлечат од нуклеарниот договор со Иран, доколку европските сојузници до 12 мај не ги поправат „ужасните недостатоци.“

Договорот го обврзува Техеран на значителни иограничувања во неговата нуклеарна програма во замена за олеснување на санкциите, но Трамп вели дека условите не се доволно строги. Останатите потписнички на договорот го повикаа Вашингтон да не се повлекува, велејќи дека тоа е најдобриот начин да се спречи Иран да развие нуклеарно оружје.

Медиумите денеска информираат дека Трамп телефонски разговаралсо британската премиерка, Тереза Меј за иранскиот нуклеарн договор, прeд посетата на министерот за надворешни работи на Велика Британија, Борис Џонсон во Вашингтон.