
Велика Британија ќе забрани користење на најголемиот број од хибридни автомобили, што значи дека 98 отсто од сегашните автомобили ќе останат надвор од употреба, пишува лондонски „Фајненшал тајмс“.
Според неофицијални информации од британската влада, дури и автомобилите како денешниот „Тојота Приус“, најпродаваниот хибрид во Велика Британија, ќе бидат „отстранети” од улиците со цел да се заштити животната средина и веќе нема да се класифицираат како „еколошки“.
Планот го поддржува Мајкл Гов, министерот за заштита на животната средина, но на овој радикален план се уште се противи Грег Кларк, министер за транспорт и врски, чиј портпарол официјално ги негираше тие информации.
Британската влада во јуни минатата година официјално објави дека по 2040 година има намера да ја забрани употребата на конвенционалните возила кои што користат само нафтени деривати, но нов документ, наводно, ја проширува оваа листа и со повеќето хибридни автомобили. Според овие информации, ќе бидат дозволени само оние хибриди кои можат да патуваат најмалку 80 километри само со помош на електрична енергија.
Инаку, продажбата на нови автомобили падна за 8,8 отсто од почетокот на оваа година, а поради тоа беа затворени стотици работни места во „Јагуар“, „Ленд Ровер“ и „Нисан“, најголемите британски производители на автомобили, но пропадна и стотици компании кои се занимаваат со продажба на автомобили .
Лидерите на автомобилската индустрија за таквата состојба ја обвинуваат токму британската влада која со збунувачки пораки ги вознемируваат купувачите на автомобили.
Ние не можеме да дадеме поддршка на ваквите амбициозни цели кои не се засноваат ниту на пазарните, ниту на потрошувачите модели на однесување, како и врз фактите, изјави Мајк Хоус, извршен директор на здружението на производители на автомобили.