(Видео) Белју со нокаут го испрати Хеј во пензија

Британецот Дејвид Хеј (37) е пензиониран боксер од минатата ноќ. Тој беше испратен во пензија од сонародникот Тони Белју (36) во преполната „А2“ Арена во Лондон.

Поранешниот светскиот првак во ВБА верзијата, Хеј во реванш натпревар се обиде да го поврати појасот против светскиот шампион според ВБЦ, Белју, од кого загуби пред една година.

Хеј три пати паѓаше во рингот, но судијата дури во петтата рунда го прекина мечот. Белју во третата рунда два пати го нокаутираше Хеј, кој беше спасен од гонгот, кој означи крај на рундата додека судијата му броеше. Белју го совлада Хеј со техничкиот нокаут во петтата рунда, откако во средината на рундата пак го испрати на патосот, по што во наредниот напад и серијата удари судијата го прекина мечот.

https://youtu.be/o82er1lRkj0