(Видео)Маркез најдобар во Херез

Актуелниот шампион во Мото ГП, Шпанецот Марк Маркез стигна до победа на домашната трката во Херез, откако најголемите конкуренти Андреа Довициозо, Кал Крачлоу, Дани Педроса и Хорхе Лоренцо останаа без пласман.

Возачот на „Репсол Хонда“ Маркез беше во водство кога во финишот на трката, а на патека на која „Дукати“ по традиција се мачи, Довициозо беше на добар пат да ја подобри статистиката. Италијанецот, кој стартуваше како осми, брзо се вмеша во битката за подиум откако Ринс и Крачлоу паднаа.

Но на 11 круга до крајот се случи голема драма. Дови се обиде да го помине својот тимски колега Лоренцо на задниот правец, влезе малку пошироко во свиокот број 6, па Шпанецот реши да врати од внатрешката страна, но не забелажа дека Педроса се обидова да „украде“ две места и од внатрешната страна се обиде да ги претекне двајцата пред него. Тогаш дојде до контакт меѓу двајцата Шпанци кои загубија контрола, па Педроса беше катапултиран од својот мотор, а Лоренцо го собраа Довициозо и сите завршија во песокот крај патеката.

https://youtu.be/vCQ-7Fa9G_0

Ова го искористија останатите возачи, пред се Жоан Зарко од „Јамаха“ и Андреа Јаноне со „Сузуки“ кои го освоија второто и третото место. Легендарниот Валентино Роси заврши на 5, а неговиот клупски колега од фабричката „Јамаха“, Маверик Вињалес заврши како седми.

Со втората победа оваа сезона Маркез направи огромна предност во генералниот пласман во кралската класа. Тој има 70 поени, втор е Зарко, а главниот конкурент на Шпанецот, Довициозо, има 24 поени помалце.