Ердоган: ЕУ не ги исполнува обврските

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска ја исккритикува ЕУ бидејќи не ги исполнила своите обврски, вклучувајќи ги и финансиските, според договорот за мигранти меѓу ЕУ и Турција.

Турција, иако е  17 економија во светот, е првата земја што обезбедува хуманитарна помош. Потрошивме 31 милијарда долари за бегалците, додека Запад, наместо ветените 6 милијарди евра, испрати само една милијарда, изјави Ердоган.

Тој додаде дека земјите од Западот се секогаш таму каде што има “нафта, злато и дијаманти”.

Ердоган истакнал дека во моментов во Турција престојуваат 4,5 милиони бегалци од Сирија и Ирак.

Турција и ЕУ во 2016 година потпишаа договор за мигранти, според кој, во Анкара ќе бидаат вретени бегалците кои без документација влегле во Унијата преку Турција,  во замена за раселување на сириските бегалци во ЕУ, финансиска помош и визна либерализација за турските граѓани. При тоа на Турција и е ветена финансиска помош од 6 милијарди евра.