Инаугурација на Путин по четврти пат

По изборната победа во март, Владимир Путин денеска ќе биде инаугуриран на претседателската функција.

Од 2000. година ова е четвртата инаугурација за, во меѓувреме 65-годишниот, претседател на Русија. Се чини дека е на врвот на својата моќ.

На изборите на 18 март Путин освои 77% од гласовите – негов најдобар резултат. „Со тоа не се чувствува потврден само функционерот Владимир Путин, туку тој тоа го чувствува и како потврда на својата политика“, вели Гернот Ерлер, поранешен ополномоштеник на германската влада за Русија. Од новиот мандат на Путин политичарот на СПД очекува пред сѐ едно – „континуитет“.