
Жителите на најбројните европски нации Германија, Франција и Италија го сметаат рускиот претседател Владимир Путин го сметаат за најсилниот светски челник, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мнение спроведено од францускиот социолошки институт IFop, по нарачка од агенцијата Sputnik.
Повеќе од третина од Германците, или 34 отсто, од Французите 34 отсто и Италијанците или 38 отсто го споменале Владимир Путин за најмоќниот лидер во светот во моментов. Истовремено, 26 отсто од Британците и 23 отсто од Амриканците го споделуваат истото мислење.
На второто место е американскиот претседател Доналд Трамп кого 25 отсто од жителите на Франција, 27 проценти на Германија и 29 отсто од Италијанците го сметаат за најмоќниот меѓу светските челници. За главниот светскиот лидер го сметаат 43 Американци и 33 проценти Британци.
На трето место е кинескиот претседател Кси Џинпинг, кого го сметале 17 отсто од Французите, 19 проценти од Германците, 9 отсто од Британците, како и 4 отсто од САД.
Германската канцеларка Ангела Меркел е на четвртото место во анкетата. За неа, како водечки светски политичар, глас дале 13 отсто Италијанците, 12 отсто од Германија, по 9 проценти од жителите на Франција и Британија, како и 4 отсто Американци.
Се истакнува, дека во Франција, Германија и Велика Британија, жените почесто од мажите сметаат дека Путин е најсилниот светски челник.
Истражувањето било спроведено од 22-ри до 27-ми март, и со него биле опфатени повеќе од пет илјади лица повозрасни од 18 години. Статистичката грешка изнесувала 3,1 отсто.