Во пукања на јавни места во САД за две години убиен 221 човек

© AP Photo/Elaine Thompson

Во периодот од почетокот на 2016 до крајот на 2017 година во резултат на пукања на јавни места во САД, убиен е 221 човек, се наведува во извештајот на Федерлно биро за истраги (FBI) објавен во неделата.

Во извештајот се истакнува дека во 50 случаи на намерна употреба на огнено оружје во 21 сојузна држава уште 722 лица биле ранети во истиот временски период. Во бројот на убиените FBI не ги вбројува оние кои самите стрелале во себе. Покрај тоа, не се земени предвид и сите инциденти со пукање во кои биле вклучени членови на банди и шверцери со дроги, како и оние случаи кои се однесуваат на невнимателно ракување со огнено оружје.

Најголем број жртви, или 58 загинати и 489 ранети, се регистрирани во пукањето кое се случи на 1-ви октомври 2017-та во Лас Вегас, кога 64-годишниот Стивен Падок отвори оган од автомат од прозорецот на неговата хотелска соба врз посетителите на концерт во комплексот „Mandalay Bay“ а потоа се самоуби. Вториот случај според бројот на жртвите е оној од 12-ти јуни 2016 година, кога 29-годишниот Омар во геј клубот „Florida Pulse“ во Орландо уби 49 и рани уште 53 луѓе.

Како што се наведува во извештајот, ваквите оружени напади на јавни места ги извеле вкупно 50 злосторници, на различна возраст – од 14 до 66 години. Тринаесет од нив се самоубиле веднаш на местото на злосторството, или по извесно време. Единаеасет биле застрелани од полициските службеници. Осумнаесет напаѓачи, пак, биле уапсени од полицијата, а уште осум од злосторниците биле приведени од граѓани и предадени на полицијата.

Во текот на овие инциденти, коишто најчесто се случувале во деловни и трговски центри, канцеларии, на територии на училишта и универзитети, во цркви, ноќни клубови и болници, загинале и 13 припадници на безбедносните служби, се наведува во извештајот на FBI.

Редовно по ваквите напади со голем број жртви американската јавност остро се конфронтира по прашањето на правото на купување и носење огнено оружје кое им е гарантирано на Американците со вториот амандман од Уставот на САД. Американските власти последните години преземаа обиди да ја зајакнат контролата врз продажбата на оружјето, но овие напори останаа без видлув успех.

Според Конгресната истражувачка комисија, во моментов кај 326-те милиони Американци се наоѓаат над 300 милиони парчиња огнено оружје, што е двојно повеќе од 1968 година. Статистиките на FBI покажуваат дека годшно четвртина од насилните кривични дела и меѓу 60 и 67 отсто убиства во земјата се извршуваат со употреба на пиштоли, револвер, ловни и автоматски пушки.