Двајца загинати во судир на возови во Германија

Најмалку две лица загинаа вчера во судир на патнички и товарен воз во јужна Германија, објавија локалните медиуми . Загина машиновозачот на патничкиот воз и еден патник, а 14 лица се повредени, од кои едно е во критична состојба.

Германската железница соопшти дека несреќата се случила околу 21.20 часа по локално време, на линијата помеѓу Инголоштад и Аугзбург, во Баварија.

Во одделна несреќа, две лица загинаа кога воз  прегазил автомобил додека ја преминувал пругата во близина на езерото Штарнберг во Баварија.