
Идејата на режисерот и Здравко Чолиќ била да се долови жанровски латино звукот на песната со амбиентот во кој е снимен спотот, па така изборот паднал на еден од најубавите приморски градови.
Спотот за новата песна „Тебе чувам за крај“ е сниман во Лисабон. Текстот и музиката се на Мирослав Рус.
Погледнете го најновиот спот на безвременскиот шармер во кој тој толкува улога на фотограф кој прави мозаик од фотографии, за да на крај открие кого чува за крај…