
Ерменскиот парламент го избра опозицискиот водач Никол Пашинјан за нов премиер, ставајќи крај на повеќенеделната политичка криза во земјата. Пашинјан со недели ги предводеше мирните улични протести, насочени против корупцијата и непотизмот во Ерменија, поради кои Серж Саргасјан поднесе оставка. а сега неговата функција ја презема Пашинјан.
Првиот обид за негов избор во Парламентот пред една недела доживеа неуспех, поради отпорот од мнозинската владејачка Републиканска партија. Поради тоа Пашинјан ги повика своите следбеници на повторни масовни протести и генерален штрајк.
Пред вториот обид за гласање во парламентот, пратениците од владејачката Републиканската партија, но и сите други партии најавија дека ќе се изјаснат во прилог на Пашинјан, како што соопшти партискиот шеф Едуард Шармасанов.
Сепак, опозиционерот не беше изгаласан едногласно, па за него гласаа 59 од 105 пратеника, а 42 беа против.
По изборот на Пашинјан насобраниот народ пред парламентот почна да слави, а биле пуштени бели гулаби.
Новиот премиер не планира учество во својот кабинет на богати бизнисмени, што беше претходна практика. Сепак, можно е да остави на функции одреден број од министрите на Републиканската партија.
Претседателот Армен Саркисјан изјави дека Ерменија треба да го користи ентузијазмот во земјата и позитивната слика во странство со која се здоби поради мирните протести.