
Дури 33 од 56-те советниците на Заев ќе седат дома и нема да одат на работа во Влада, а ќе земаат плата за која пари ќе издвојуваат граѓаните.
Таков е примерот и со Џезаир Шаќири, познат како Командант Хоџа кој Заев ќе го советува за 36.000 денари месечно.
23 лица кои го советуваат премиерот Зоран Заев секој ден одат на работа во Владата и имаат свои канцеларии, додека 33 надворешните соработници не доаѓаат на работа туку советуваат по потреба, велат од Владата за САКАМДАКАЖАМ.МК.
13 посебни советници и 10 советници имаат дневен ангажман и ќе работат 40 часа неделно.
Сите посебни советници и советници согласно член 22 од Законот за вработени во јавниот сектор, имаат засновано работен однос на определено време до истекот на мандатот на премирот. Сите се избрани на јавен оглас. Дел од посебните советници и советниците имаат свои канцеларии, а поголемиот дел делат работен простор со други лица кои работат во влада, велат од Владата за СДК.
Оттаму појаснуваат дека за разлика од редовните советници, надворешните се со договор од времен карактер и се избрани лично од Заев.
Изборот на советници на премиерот Заев предизвика лавина критики од македонската јавност. Последен советник кој го назначи Заев беше Командант Хоџа. За него и за Бошковски се огласи и американската амбасада, бидејќи и двајцата се наоѓаат на црната листа на САД. Оттаму изразија загриженост за изборот на советниците.
Црната листа се користи за блокирање и ограничување на патувањата на граѓани непожелни во Америка поради националната безбедност, се вели во соопштението од амбасадата.