
Ниту бил предвиден во составот на делегацијата на министерката Шекеринска ниту било возможно самоиницијативно да се појави на средбите со што би покажал непочитување и проблеми во протоколот и безбедноста. Македонскиот амбасадор во САД Васко Наумовски доставил допис на четири страници до МНР, каде што ги расветлува деталите од скандалот за кој министерката за одбрана го обвини токму него, објави „Алфа“.
Во дописот објаснува дека составот на делегацијата и форматот на состаноците го одредува шефот на делегацијата, а секој обид на амбасадорот самоиницијативно да стане дел од средбите би значело непочитување на шефот на делегацијата, и би предизвикало проблеми во протоколот и безбедноста. Притоа невозможно е присуство на дипломат на средба доколку не е претходно најавен, а особено не во државните институции на САД.
Повеќе прочитајте на овој линк