
Институтот за Јавни Политики по примерот на ЦИВИЛ Центар слобода денеска огранизираше панел дискусија на тема „Предизвиците на Република Македонија пред самитот на НАТО во 2018 година“ поддржан од НАТО Дивизијата за јавна дипломатија.
На панелот говореа Стево Пендаровски, национален координатор за НАТО, капетан Горазд Бартол, шеф на канцеларијата на НАТО во Скопје, Нора Алити, поранешна пратеничка во Собранието на Република Македонија и проф. д-р Стојан Славески директор на дирекцијата за безбедност на класифицирани информаци.
Според Пендаровски најголемиот предизвик на Македонија пред НАТО Самитот „е и ќе остане внатрешната кохезија на земјата“.
Капетан Бартол истакна дека вратите на Алијансата се отворени.
„Скопје избра да биде членка на НАТО. Реформите кои се пред вас се долги и полни со предизвици. Вашиот напредок е одличен, но има уште работа. Предуслов е постигнување на договор за името“ рече Бартол.
Алити, пак истакна дека најголемиот предизвик е да не се изгуби надежта доколку не добиеме покана на претстојниот Самит. Со оваа констататција се согласи и Славески.
Изгубените 10 години во процесите за интеграција на Македонија во НАТО и Европската Унија, менувањето на власта, очигледното отворање на процесите за подобрување на состојбите во дипломатијата и зајакнувањето на врските со меѓународната заедница се повод за се почестите дебати за предизвиците, предностите и придобивките од влез на земјата во НАТО и ЕУ.
На конферецијата која ја организираше ЦИВИЛ во Пендаровски истакна дека луѓето во Македонија не се запознаени што точно ќе претставува приклучувањето кон НАТО. Најчестиот проблем, според граѓаните, е дека Македонија нема да издржи поради буџетот.
„Секој цени според тоа колку може да даде, нема присилба дека некој ќе ни рече или ова или ќе ве истераме од Алијансата.“ изјави Пендаровски.
„Анализите на јавното мислење покажуваат дека граѓаните на Македонија немаат многу информации што точно значи НАТО. Тие интиутивно го имаат својот став за членството на Македонија во НАТО. Дел од тие впечатоци се базираат на бројки“, истакна министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на конференцијата на ЦИВИЛ, одговарајќи на прашањата кои се однесуваат на задачите кои треба да се завршат во процесот на зачленувањето на Македонија во НАТО, дали спроведувањето на активностите во рамките на процесот гарантираат транспарентност на институциите и почитување на човековите права и слободи, како и на предизвиците и можностите кои се отвораат во овој процес.
„Јас сакам официјално да и предложам на македонската влада, јас како новинар, небитна личност, да се обидат со Грците во Солун да отворат канцеларија за соработка на млади. Грчко-македонска канцеларија. Таква канцеларија меѓу Франција и Германија постигна фантастични успеси. Стотици млади луѓе да поминаа низ таа канцеларија за да надминат многу потешка историја од таа што ние ја имаме со Грција. Непријатен е спорот, гледаме дека се движи кон решение, но и да не се постигне, важно со нашиот сосед, со кој на крајот на краиштата и немаме толку горки искуства како што имаат Франција и Германија меѓусебно, ќе почнеме да градиме една нова генерација што на друг начин ќе ги третира овие проблеми“, порача Орданоски, предлагајќи и на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, исто така, една од говорничките на панел дискусијата, да отворат таква канцеларија со табла на која ќе пишува грчко-македонска соработка и со дипломати што само тоа ќе го работат.
Амбасадорката на Хрватска, Даниела Баришиќ, на конференцијата која ја организираше ЦИВИЛ истакна дека ваквите трибини или дискусии се исто така, добар начин граѓанките и граѓаните да се запознаат, да се едуцираат, за тоа што всушност значи да си член на НАТО и што всушност претставува НАТО.
„Подготвувајќи се за овој настан, читав некои истражувања, според кои голем број на невладини организации, всушност беа против влегување во НАТО. Причините беа, нема војна, никој нема да не загрози, слободни сме, нема потреба… Меѓутоа тоа беше пред 10 години кога не постоеше, во ваков облик, меѓународен тероризам, не постоеше ИСИЛ, кога не постоеше ваков страв од миграции, значи сѐ се менува. Исто така, постои страв дека, еве сега ќе се изградат НАТО бази и нема повеќе туризам“, изјави Баришиќ, наведувајќи неколку примери за неоправданост на стравот од затворање на земјата за туристи.