
Давид Дејвис Камара, асистентот на Раул Гонзалез во РК „Вардар“, официјално е именуван за нов селектор на Египет и ќе ја води репрезентацијата кон Светското првенство во 2019 година.
Дејвис доаѓа на местото на Марван Рагаб кој поднесе оставка по поразот од Тунис во Африканскиот куп. „Фараоните“ имаат обезбедено пласман на СП 2019, како второпласирани во Африка.
Египет ќе има и уште еден голем ракометен настан, во 2021 година, кога ќе биде домаќин на Светското првенство, за чие домаќиноство ги победи Унгарија и Полска.
Камара со Вардар има договор до крајот на оваа сезона, поради што реална станува опцијата дека и тој ќе има се приклучи на оние што ќе заминат од Скопје.