
Амандманската расправа за измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во второ читање денеска ќе продолжи на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија.
На дневен ред на продолжението на седницата на оваа Комисија е и разгледувањето на амандманите за измените и дополнувањата на Законот за основање на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија.
Во Собранието денеска седница ќе одржи и Комисијата за труд и социјална политика, на која пратениците треба да расправаат за измените и дополнувањата на Законот за вработување на инвалидни лица, во второ читање.