Загина тракторист

Тракторист загина вчера во радовишко, информираше МВР.

Според полицијата, несреќата се случила околу 16 часот во село Супурге. Жител на селото Коџачока, Џ.М.(26) орал нива со трактор кај местото викано „Суд Бунар“ кога изгубил контрола.

Тракторот паднал во провалија, а возачот загинал на самото место. Смрт била констатирана од страна на лекар, а увид на местото извршила екипа од Полициска станица Радовиш.