Неизвесна средбата меѓу Путин и Трамп

Нема напредок во однос на евентуалниот состанок на рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп, изјави денеска советникот на Путин, Јуриј Ушаков.

Ушак рече дека подготовките беа прекинати на местото до кое се стигнало при телефонскиот разговор меѓу двајцата претседатели на 20-ти март, објави агенцијата Тас.

Тогаш, како што потсети Ушаков, американската страна изјавила дека „е можен контактот меѓу двата претседатели”.

Ушаков не сакаше да коментира за претстојниот самит меѓу Трамп и севернокорејскиот претседател Ким Јонг Ун, а не одговори ниту на прашањето дали во плановите на Путин е предвидена средба со лидерот на Северна Кореја.