Од опозициската партија ВМРО-ДПНЕ оценија дека е срамно образложението дека командант Хоџа се повлекол поради тоа што ја сакал Македонија.
Срамно е образложението дека таканаречениот Командант Хоџа самиот одлучил да се повлече од висока владина функција веднаш до премиерот заради тоа што ја сакал Македонија. Зоран Заев лаже! Ве повикувам заедно да ја слушнеме изјавата на Хоџа во која самиот тој кажува колку му е на него грижа за Македонија – се вели во реакцијата.
Според опозицијата Хоџа јасно вели дека не го интересира дали Македонија ќе постои или нема да постои.
Јасно е дека Хоџа не го интересира дали Македонија оди напред или назад и дали државата функционира или не. Хоџа можеби сака некаква Македонија, но не унитарна и мултиетничка каква што е сега. Сега да погледнеме како размислува Хоџа за војна и за припојување кон Албанија или Косово, пред да биде поставен на висока функција од неговата политички звезда Зоран Заев – пишува во реакцијата.