
Групацијата „Фолксваген“ сериозно тргна во остварувањето на својата намера до 2025 година да продаваат три милиони електрични возила годишно како дел од планот „Transform 2025+“ и да стане лидер во тој сегмент во автомобилската индустрија.
Досега во јавноста беа презентирани нивните концепти- I.D., I.D. Crozz i I.D. Buzz, кои би требале да бидат предводници на „електрификацијата“. За да можат сите модели да возат, групацијата потпиша договор за купување на батерии во вредност од околу 40 милијарди евра, а планираат дополнителна инвестиција од 10 милијарди evra.
Оваа сума е речиси идентична со вкупната вредност на Tesla Motors во моментов, што значи дека Елон Маск наскоро ќе добие жесток ривал.
До 2020 година ќе понудиме 25 нови електрични модели и повеќе од 20 plug-in хибриди. Само неколку години од сега планираме на патиштата да ја поставимее најголема флота на електрични автомобили, изјави извршниот директор на „Фолксваген“, Херберт Диес на состанокот на бордот.