Ова се десетте најбогати земји во светот

Минатата година приватното богатство во светот достигна вкупно 215 трилиони долари што е зголемување за 12 отсто во однос на претходната година. Овие бројки се дел од анализите што ги направила компанијата „New World Wealth“ од каде посочуваат дека 73,5 отсто од ова богатство е концентрирано во десет земји.

Прва на листата е САД со 62,6 трилиони долари, потоа следи Кина со 24,8 трилиони долари И трета е Јапонија со 19,5 трилиони долари.

Во топ десетте се и Велика Британија со 9,9 трилиони долари, Германија со 9.7 трилиони долари, Индија со 8,2 трилиони долари, Франција со 6,6 трилиони долари, Канада 6,4 трилиони долари, Австралија со 6,1 трилиони долари и Италија со 4,3 трилиони долари.

Анализите велат дека Кина и Индија го зголемија своето богатство во последните десет години.