
Фудбалерите на Јувентус и теоретски во неделата вечерта ја обезбедија седмата титула првак на Италија откако на римски „Олимпико“ одиграа без голови со Рома во средбата од 37-то претпоследно коло на Серија А.
Јувентус за потврдата на вкупно 34-та титула национален првак требаше да освои само бод против Рома, а до него дојде во исклучително празен дуел во кој и двата ривала беа очигледно задоволни со поделба на пленот.
Јувнетус на коло пред крајот има 92 бода, недостижни четири повеќе од вториот Наполи кој како гостин со 2:0 ја совлада Сампдорија. Стрелци за наполитанците беа Милик во 72 и Албиол во 80 минута.
Рома со бодот освоен против Јувентус се зацврсти на третата позиција со 74 бодови, два повеќе од градскиот ривал Лацио, кој во последното коло против петтиот Интер ќе настојува да го осигури пласманот во Лигата на шампионите. Сампдорија, пак, е деветта со 54 бодови.
Во првиот вечерен дуел во неделата, Аталанта и Милна во директниот дуел за пласман во Европската лига одиграа без победник 1:1 (0:0). Гостите поведоа преку Кеси во 60 минута, но важен бод за домашните кои по примениот гол останаа и со играч помалку последните обезбеди Марсело во втората минута од судиското продолжение по грешката на гостинскиот голман. Милан со овој резултат остана шести со 61 бод, додека Аталанта е седма со 60 бодови.