(Видео) Полицајка застрелала разбојник пред училиште

Надзорните камери на приватно училиште во Сао Паоло, Бразил снимиле драматичен момент кога вооружен разбојник се обидел да ограби неколку мајки со деца, но бил застрелан од полицајка, која не била на должност.

Инцидентот се случил во саботата околу 8 часот кога Еливелтон Невес Мореира(21) извадил пиштол и им се заканил на група родители со деца, кои стоеле пред училиштето.

https://youtu.be/cuLpDh6Cgk0

Таму стоела и полицајката Катја Силва Састре (42), која ги носела децата во училиштето. Таа веднаш реагирала и од торбата извадила пиштол со кој со три куршуми го застрелала разбојникот. Тој паѓајќи испукал два куршуми кои не погодиле никого, по што ги фрлил пиштолот и превиткувајќи се од болка ги дигнал рацете во знак дека се предава.

Разбојникот починал во болница истиот ден, а Састре, полицајка со 20 годишно искуство, мајка на две деца и сопруг полицаец, била наградена за храброста од гувернерот на Сао Паоло.