
Во контекстот на последните изјави од преговарачките тимови на двете земји во грчкиот споре за името на Република Македонија дека е дојдено до приближување на ставовите и најавена средба на двајцата премиери, опозициската ВМРО-ДПМНЕ во неделата побара итна лидерска средба којашто би се одржала во текот на денешниот ден а на која освен премиерот Зоран Заев и министрерот за надворешни работи Никола Димитров, би учествувал и претседателот Ѓорѓе Иванов, меѓутоа владејачката СДСМ и Владата го одбиваат предлогот со образолжение дека за таква срадба бил „потребен термин кој ќе им одговара на сите“.
Од опозициската партија очекуваат да им бидат соопштени деталите и насоките по кои се движат разговорите за името, за да може јавноста да биде информирана, но и партиите да заземат став по однос на новонастанатата ситуација.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски ја прекина својата работна посета на Италија и средбите коишто ги имаше со македонската дијаспора за да се врати во земјата. За партијата потребни се одлуки а Зоран Заев, иако е примиер, тој го нема монополот во името на целата држава, власта и опозицијата, политички определените или неопределените, да одлучува за ова најважно прашање, а евентуалниот договорор, да биде ставање на целата држава пред свршен чин.
„Единствените информации што ги има ВМРО-ДПМНЕ од Владата се оние од лидерската средба во јануари годинава и билатералната јавна средба меѓу лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во почетокот на март. Од тогаш до денес, ВМРО-ДПМНЕ не е запознаена со аспектите, ниту со новите детали од разговорите“, изјави Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
Лидерска средба ќе се одржи во термин кој им одговара на сите политички субјекти кои се дел од овој вид средби. Додека се утврди термин кој одговара за сите, лидерот на опозицијата може да побара средба со премиерот, велат од Владата во врска со барањето на ВМРО-ДПМНЕ за итна лидерска средба за преговорите за името.
Успешен и ветувачки e текот на преговорите со Грција, смета владејачката албанска партија ДУИ и ја охрабрува Владата „храбро да пристапи кон затворање на долгогодишниот спор“. Ова е ставот на претседателството на партијата по состанокот што се одржа деновиве на кој освен за проблемот за името, се дискутирало и за односите со соседите, интеграцијата во НАТО, системските реформи, извештајот на Европската комисија за напредокот на државата, преговорите со Европската унија, проширувањето на парламентарното мнозинство, како и за јазичната еднаквост.
„Мислам дека сме блиску до решение за спорот за името и таа шанса треба да ја искористиме. Не заговарам промена на Уставот за промена на уставното име, туку промена на Уставот во којшто може да се градат одредници кои ќе одат во насока на постигнување на компромис, кој нема да задира во клучните прашања, нашиот идентитет, нашиот јазик“, изјави старо новиот ретседател на НСДП,Тито Петковски, исто така, коалициски партнер во власта
По последна рунда преговори меѓу Димитров и Коѕијас овој викенд, медијаторот Метју Нимиц информираше дека се одвивале „интензивни преговори, кои резултирале со позитивни работи“. Најави средба меѓу премиерите на двете земји, Заев и Ципрас, која ќе се случи на Самитот на ЕУ за западен Балкан, што на 17-ти мај ќе се одржи во Софија.
Грчките медиуми во своите коментари најавија дека средбата Заев – Ципрас во Софија ќе претставува „нов прозорец за решение“. Грчката национална телевизија ERT објави дека шестчасовнион сериозен состанок меѓу Коѕијас и Димитров, резултирал со поклопување на позициите на двете земји и го отворил патот за средба на двајцата премиери. Весникот Та Nea, пак, пишува дека „палката за решавање на името веќе е во рацете на премиерите на Грција и ПЈРМ“, а оти разликата и натаму е грчкото инсистирање на ерга омнес.