Заев погрешно информиран, Иванов е вратен во Македонија

Претседателот Иванов е вратен во Македонија уште во неделата наутро, велат од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по денешната изјава на премиерот Зоран Заев.

Tој  претходно рече дека ќе следува лидерска средба за спорот со името кога сите учесници ќе бидат во земјата, посочувајќи дека шефот на државата е во Турција.

Претседателот Иванов ја заврши работната посета на Република Турција и се врати во Скопје во неделата наутро, велат од кабинетот на претседателот Иванов.