
Скопјанец вработен како стјуард во една авиокомпанија бил тешко повреден кога авионот што слетувал на скопскиот аеродром влегол во турбуленции, информираше МВР.
Според полицијата, вчера во 19.35 часот од Градската општа болница „Св. Наум Охридски” било пријавено дека кај нив било донесено повредено лицето В.К. (28) од Скопје, вработен во авиокомпанија како стјуард.
Полициски службеници дошле во болницата и по извршен разговор со В.К. утврдиле дека тој се повредил околу 18.05 часот во авионот кој се подготвувал за слетување. При тоа леталото влегло во турбуленции, при што В.К. паднал на подот и тешки се повредил. Тој е задржан на лекување во болницата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.