
Во полициската станица во Пробиштип вчера стигнала пријава дека 45-годишен маж вработен во секторот за туризам и услуги при Министерството за одбрана, дошол во раборните простории и почнал да ги вознемурува и напаѓа своите колеги.
Според пријавата, тој почнал да упатува сериозни закани по животот и телото кон присутните вработени, упатувал и пцовки, а потоа се насочил кон Г.А. (46) од село Злетово и му удрил еден шамар, притоа и понатаму продолжувајки со закани кон останатите присутни.
Како што информираат од МВР, М.И. вакви закани кон вработените упатувал повеќе пати. Тој бил повикан во полициска станица и во моментов се врши разговор со него, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.