Помпео ќе бара „широка поддршка“ против Иран

Американскиот државен секретар Мајк Помпео следната седмица ќе го изложи дипломатскиот план за кој се надева дека ќе ги убеди партнерите во Европа и другите сојузници да извршат притисок врз Иран и да го вратат на преговарачката маса откако САД објавија дека истапуваат од меѓународниот договор за нуклеарна програма потпишана од Техеран и шесте светски сили во 2015 година.

Отфрлајќи ги апелите од Франција, Велика Британија и Германија, претседателот на САД, Доналд Трамп пред десет дека ја повлече својата земја од иранскиот нуклеарен договор, тврдејќи дека тој на соодветен начин не ги ограничува нуклеарните амбиции на Иран, но и барајќи повторно да се преговара за нов договор кој би ја опфаќал и иранската балистичка програма, како и влијанието на Техеран во регионот на Блискиот исток. Иранските челници одбија каков и да е нов договор, а европските настојуваат да го спасат нуклеарниот договор, уште повеќе поради тоа што најавените нови американски санкции за Техеран тешко ќе ги погодат европските компании кои по повеќе од деценија се вратија на иранскиот пазар со мултимилионски договори.

Во својот прв говор за надворешната политика, Помпео во понеделникот ќе побара широка поддршка за да се решат „севкупните ирански закани“, изјави Брајан Хук, виш политички советник и додаде дека Вашингтон сака дипломатско решение по прашањето на Иран.

„Целта на нашите идни напори е да се изложи Иран на секој неопходен притисок за да го промени своето однесување, како и да се бара нова рамка којашто може да одговори на некои наши загрижености. Ние силно сакаме динамична дипломатија, многу концентрирана и решителна да ги постигне целите на нашата национална безбедност. Нашиот поширок пристап кој го истакнавме, е дека ние е потребна нова рамка кој ќе ги реши сите ирански закани“, изјави Хук за новинарите.