
Пет од загинатите патници во авионската несреќа во Куба се странци, а останатите се кубански граѓани, соопшти АП.
Во авионот имало 110 луѓе. Весникот „Грама” сепак не ја споменува националноста на петте загинати патници. Министерството за надворешни работи на Аргентина информира дека двајца од загинатите се нивни државјани.
Несреќата се случила во близина на автопатот и училиште во населбата Бојерос во Хавана, веднаш до аеродромот Хозе Марти. Авионот паднал кратко време по полетувањето.
Во Куба е прогласена национална жалост.