
По завршувањето на законскиот рок за поднесуваување на апликации и спроведување на постапка за избор на генерален директор на претпријатието ве известуваме дека градоначалникот на Град Скопје, г-дин Петре Шилегов на 18.05.2018 година за генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје го назначи г-дин Душко Весковски – велат од ЈП Водовод и канализација.
Претходно Весковски работеше како раководител во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, по што беше назначен за В.Д. генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје“
На ден 02.05.2018 година во дневниот весник НОВА МАКЕДОНИЈА беше објавен конкурс за избор на генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, информираат од претпријатијето.